Ракометарките со победа и нерешен резултат

Ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа во домашното првенство против екипата на Деспина со 43-14. Средбата се одигра во Куманово, а избраничките на Краљевски уште еднаш прикажаа одлична игра и запишаа нови бодови. Победата над Деспина го зацврсти првото место на табелата на Куманово кое сега е единствената екипа во шампионатот.

Што се однесува до натпреварот домаќинот беше подобар во текот на целиот натпревар а гостинскот тим само на почетокот имаша водство од 2-1 и 3-2, но во продолжението гледавме доминација на Кумановскиот состав.

Во победничкиот тим најефикасни беа Трајковиќ со 9, Боризовска 7 и Кипријановска со 6 голови. На голот на Куманово одлична беше младата Јовановска која имаше 14 интервенции.

Членот на екипата Ивановска истакна дека е задоволна од играта  на екипата против послабиот противник.

Викендов тие играа и дерби во супер лигата, односно гостуваа во Скопје против Вардар и одиграа нерешено 28-28. Екипаата на Куманово на оваа средба успеа да дојде до  бод во последните секунди со голот на Трајковиќ, иако во текот на целиот натпревар Вардар имаш постојано водство. Домашниот тим на натпреварот изненади со прикажаната игра, додека екипата на Куманово никако не успеваше да најде рецепт како да го скрши отпорот на мотивираниот противник.

Во првото полуврееме Вардар беше подобар и заслужено го реши во своја корист со 19-15. Предноста на Вардар дојде благодарејќи пред се на многуте техниќки грешки на Куманово.

Во вторите 30 минути  Куманово на почетокот со мини серија успеа да се доближи на еден гол разлика но до самиот крај никако не успеваше да израмни или да поведе. Сепак во финишот на натпреварот нашата екипа успеа некако да до дојде до поволен резултат кој и натаму го носи на првото место на табелата и најверојатно есенска титиула. Во екипата на Куманово најефикасни беа Трајковиќ со 9, Кипријановска посатигна 6,а Чокели 5 голови. До крајот на полусезоната екипата на Куманово на домашен терен ќе се сретне со Ѓорче Петров и Гевгелија, а гостува на Стружанка.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)