Ракометарките со убедлива победа над Овче Поле

Ракометарките на Куманово ја запишаа третата победа во шампионатот откако на домашен терен го декласираа тимот на Овче Поле со 49-18.
На овој натпревар домашниот тим доминираше во текот на сите 60 минути и беше многу подобар противник од гостинскиот состав кој во Куманово се претстави во скромно издание.
Екипата на Куманово во првото полувреме постигна дури 28 голови благодарејќи на извонредната игра во нападот на сите ракометарки.Во второто полувреме гледавме иста слика на теренот и комплетна доминација на Кумановскиот состав.
Во три одиграни кола избраничките на Краљевски имаат максимален учинок и заедно со екипата на Металург извесно е  дека ќе водат интересна битка за титулата.
Во екипата на Куманово најефикасни беа Трајковиќ и Кипријановска кои постигнаа по 8 голови.
Младиот голман на Куманово Јовановска истакна дека екипата влегува во победничка серија која се надева дека ќе трае долго.
Во следното коло на 9 октомври екипата на Куманово патува во Скопје каде ќе се сретне со тимот на Шампиони.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)