Ракометарките убедливи над Кузман Вардар

Ракометарките на Куманово продолжуваат со одлични игри во домашното првенство каде ја запишаа 6 победа во низа. Во мечот против екипата на Кузман Вардар екипата повторно демонстрираше одлична игра во текот на сите 60 минути и на крајот забележаа убедлива победа од 52-12. Средбата во салата на училиштето Перо Наков беше лесен тренинг за екипата на тренерот Краљевски и шанса на ракометарките да покажаат што можат во овој момент. Куманово од првата до последната минута имаше постојано водство кое гостинките во ниту еден момент не успеааја да го загрозат.

Младата членка Ива Димитриевска е задоволна од настапот на својата екипа.

Во победничката екипа на Куманово најефикасна беше Мила Трајковиќ со 9 голови, како и Марковиќ со 6 голови.

Во следното коло Куманово го игра најважниот натпревар во есенскиот дел против Металург кој исто како и Куманово нема пораз во првенството.

Марјан Стошевски

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)