Ракометарките ја продолжуваат сезоната против Пелистер

После репрезентативната пауза, ракометарките на Куманово во недела ја продолжуваат одличната сезона и ќе гостуваат во Битола каде што ќе се сретнат со тимот на Пелистер 2012.

Во досега одиграните 13 натпревари, ЖРК Куманово има забележано 12 победи и 1 нерешен резултат, и со 37 бода е апслолутен лидер на табелата. Втората позиција ја делат екипите на Металург и Чаир со 11 поени и 2 пораза.

Натпреварот во Битола се игра во недела од 14 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)