Женската ракометна лига сезонава број 13 екипи, а после есенскиот дел тимот на Куманово е во предност во однос на конкуренцијата.
Дел од екипите се засилија за пролетната полусезона и веќе е сосема јасно дека вториот дел од сезоната ќе биде максимално интересен бидејќи Металург, Вардар и Чаир ќе сакаат да го стигнат Куманово и секој натпревар меѓу нив ќе биде возбудлив и неизвесен.
Првото дерби за Куманово ќе биде во 16. коло на крајот од март и почетокот на април против Чаир на домашен терен.