Ракот на дојка глобална епидемија

Според податоците од Институтот за онкологија и радиотерапија на годишно ниво има околу 830 случаи на ново дијагностицирани заболени од рак на дојка. Куманово не е дел од Националната скрининг програма и покрај тоа што карциномот на дојка претставува глобална епидемија на денешницата. Кумановската болница сеуште работи со мамограф стар повеќе од 30 години кој е технички неисправен. Од здружението за борба против ракот „Борка“ информираат дека се запознаени со случајот и повеќепати апелирале до Министерството и Фондот за здравство бидејќи мамографот претставува главна дијагностичка метода.

-На повеќе наврати имаме апелирано и писмено и усмено до Министерството за здравство и до Фондот за здравство. Toa е во нивна надлежност и упатувам апел што поскоро да набават мамограф за да може да се спроведе националниот скрининг, вели Мирјана Бабамова, координатор на здружението за борба против рак „Борка“.

Од „Борка“ објаснуваат дека во Куманово нема здружение за карцином на дојка и покрај големиот број на заболени но соработуваат со неколку здруженија во градот. Со невладината организација „Опции за здрав живот“ одржале повеќе предавања  за подигање на свеста за ракот на дојка. Лекарите од Општата болница Куманово апелираат за што поскоро решавање на проблемот со мамографот бидејќи раното откривање на ракот на дојка е од големо значење за секој пациент.

-Пациентите се прегледуваат кај нас кога работи апаратот. Имаме уште една мана имаме мали филмови па за жените со волуменозни дојки постои шанса да биде превиден карциномот зашто неможе да се опфати целата дојка. Се има случувано во еден ден да откриеме три карциноми на дојка, од шест пациентки. Бројка на заболени од карцином на дојка би била просечно 40 пациенти годишно на ниво на Куманово, вели Славица Јакимовска специјалист по радиодијагностика во ЈЗУ Општа болнива Куманово.

Здружението „Борка“ планира до декември да ја реализира кампањата „Розов караван“ при што ќе посети повеќе градови низ земјава и во соработка со искусни лекари ќе одржи предавање за ракот на дојка.  Тие ги покануваат кумановци да се вклучат во проектот „Розевата прошетка, напред розево 2015“ што ќе се одржи во септември.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)