Раскопан булевар оставен без предупредувачки знаци

Лента од булеварот 3-та МУБ на влезот во населбата Проевце веќе три дена е раскопана и оставена без сообраќајни знаци за работа на пат. Градежната фирма избрана од општината го исекла асфалтот, бидејќи улицата е дел од проектот за санација на патната инфраструктира, но просторот не го обезбедила со предупредувачки знаци. На тој начин се доведени во опасност возачите, кои со мало невнимание, ненемалувајќи ја брзината на движење може да ја загрозат својата и безбедноста на пешаците, но и да го искршат својот автомобил.

Жителите кои што живеат во близина на булеварот а не сакаа да зборуваат пред камерата,  велат дека викендов слушнале како неколку автомобили удираат директно во прекопот, шахтите.

Граѓаните со кои што поразговаравме додаваат дека состојбата е слична низ целиот град, каде што се работи на поставување на патна или канализациона мрежа. Велат дека и на оние места каде што има знаци, или ленти често се случува несовесни граѓани сами да ги отстранат. Инаку тие ја поздравуваат иницијативата за реновирање на улиците.

Од Секторот за урбанизам при општина Куманово нагласија дека веднаш ќе разговараат со фирмата и знаците за работа на пат ќе бидат поставени. Од таму додадоа дека по завршената проекција на шахти и сливници ќе започне поставувањето на нова асфалтна подлога.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)