Растурена забава во центарот на Куманово

Неколку малолетни и полнолетни лица викендов се забавувале во семеен дом во центарот на Куманово, при што не ги почитувале мерките за заштита од вирусот, па морала да интервенира и полицијата. По претходна пријава, полицијата извршила контрола во семејна куќа на ул.„Народна Револуција“, сопственост на Е.Т.(37), така што било констатирано дека не се почитуваат мерките за спречување на ширење на Ковид-19. На забавата присуствувале 10 полнолетни и 11 малолетни лица, како и трите ќерки на сопствениците на куќата. Поднесена им е пријава по член 206 од Кривичниот Законик.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)