Расчистени шест кражби во деловни објекти

На подрачјето на СВР Куманово изминатава недела се расчистени 6 кражби, кои биле извршени во деловни објекти.

Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле четири лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата.

Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела.

Коментари

коментар(и)