Реакција на реакцијата на градоначалникот

По вчерашната реакција на градоначалникот Зоран Дамјановски на пресконференцијата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ , кумановската опозиција испрати соопштение до јавноста. Во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ се вели:

– Не е доволно тоа што Дамјановски призна дека член на ИО на СДС нелегално изнесувал голема количина на кеш преку граница. Дамјановски треба да каже колку често СДС ја практикува оваа активност и колку пари досега изнеле на ваков начин од Македонија.

Уште поважно е Дамјановски да одговори за кои намени функционери на СДС изнесуваат пари на црно од земјава ? Дали се тоа криминално заработените пари на Заев, Шекеринска, Шилегов или на некој друг висок функционер ?

Дамјановски треба да одговори како додека вработените од јавните претпријатија во Куманово немаат земено плати и по 3 – 4 месеци нивните директори располагаат со големи суми кеш и возат луксузни возила.

Не е доволно тоа што Дамјановски го призна скандалот со порнографските снимки на директорот на гимназијата „Гоце Делчев“, туку треба да сноси лична одговорност како можел да именува таков човек на таква позиција.

Не е доволно што Дамјановски го призна инцидентот во кој насилникот Максим Димитиревски тепаше недолжно момче во кафеана, туку треба да го осуди и партијата да се огради од насилникот, барајќи одговорност.

Не е доволно ниту тоа што го признава насилството на претседателот на СДС во Куманово, Мартин Костовски за физичкиот напад врз граѓанин од Куманово.Дамјановски место да се обидува да најде изговори и да бега од одговорите кои е должен да им ги даде на граѓаните, треба да ја погледне вистината во лице, да им се извини на граѓаните за се што тој и неговата партија и имаат сторено на Македонија и Куманово. Затоа на граѓаните им е преку глава од лагите и манипулациите на Дамјановски и СДС. Затоа на граѓаните им е преку глава од мафијашкото работење на Дамјановски и СДС. Затоа граѓаните на претстојните локални избори ќе го испратат Дамјановски во политичка пензија.

Затоа народот е на нозе ! Затоа Македонија се буди !

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)