Реакција на СДСМ на посетата на Груевски

На посетата на Куманово од премиерот Никола Груевски денеска реагираше општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз. Според  портпаролот Сашо Тодоровски,премиерот наместо да се фали со нови прозорци во основното училиште Браќа Миладиновци , треба да каже колку средства во последните 10 година има дадено за Општина Куманово. На Куманово не му е потребен популизмот и инаетот на Груевски. На Куманово му се потребни реални инвестиции кои ќе ги подобрат условите за живот и ќе ги задржат младите да останат во градот, рече Тодоровски.

-Зошто власта не дава пари за нови градинки во Куманово, каде што бројот на децата во градинките е трипати повеќе од нивниот капацитет;

-Зошто им го одземавте Пионерскиот дом на дечињата?

-Зошто не се реновира Домот на АРМ туку е оставен да биде руина?

-Зошто водоснабдувањето беше нормализирано само додека беше премиерот во градот, беа дел од прашањата кои на пресконференцијата портпаролот Тодоровски ги посочи како проблеми за чие решавање е надлежна власта, а не презела ништо.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)