Реакција од општината на прес-конференција на ВМРО- ДПМНЕ

Општина Куманово реагира на неоснованите напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, изнесени  на вчерашната прес -конфереренција. Во продолжение, интегралното соопштение од општината во кое се вели: Цената на водата ја утврдува Регулаторна комисија за енергетика на РСМ, а Советот на општина Куманово само ја потврдува. Доколку советот не ја потврди, цената ја донесува самата Регулаторна комисија. Посочената цена за вода, што беше укажано и на самата седница е меѓу најниски во РСМ, што се должи на константно намалување на загубите на вода, преземените чекори за модернизирање на процесите на обработка на вода и софистицирана опрема за читање на водомери.

Градоначалникот е должен да ги почитува и применува одлуките донесени на Советот на Општината, како и законите.

Советниците имаат увид во целокупната работа на ЈП Водовод, сите извештаи за работа и сите тековни активности се презентираат на најтранспарентен начин и со максимална одговорност кон потребите на граѓаните на општина Куманово.

Општина Куманово обезбеди средства за изградба на канализациона мрежа во Гладно поље во должина од 4,5 км, изградена е канализациона мрежа во с. Режановце и с.Речица и реконструирана е канализациона мрежа од 24 км во централното градско подрачје. Поставени се 10.000 нови електронски водомери и набавена е опрема за подземно детектирање на дефект, гео-колератори и гео-фонови. Имплементиран е најсовремен СКАДА систем во фабриката за вода.

Ќе продолжиме со инвестиции и во 2021 година со цел да се дадат поквалитетни услуги на граѓаните, стои во реакцијата на Општина Куманово.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)