Реакција од Општина Куманово

Општина Куманово во соработка со Општински штаб за заштита и спасување формира работна група составена од претставници на повеќе сектори од општината, јавни претпријатија, јавни установи и невладини организации со цел да се анализираат случувањата од состојбата со загадување на воздух во општина Куманово и да се дадат препораки до Градоначалникот и Советот на општината  за превземање на одредени мерки и политики кои на подолг временски период ќе допринесат за спречување и намалување на загадување на воздухот.

Овие препораки ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и истата ќе може да се вклучи активно со свои сугестии и предлози за дополнување или измена на мерките.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)