Ревизија на купопродажниот договор бараат работниците од Искра

Поранешни вработени од кумановската фабрика „Искра Инженеринг“ од надлежните бараат да се стави во мирување стачајот кој е на сила од 2003 година, за да потоа спороведат ревизија на купопродажниот договор, за кој се сомневаат дека е направен на криминален начин, бидејќи фабриката која вредела околу 20 милиони евра, е продадена за 570.000 евра. Тие досега се обештетни 15 проценти од побарувањата меѓутоа тврдат дека и за тоа е направена конфузна распределба, а останатите проценти немаат од каде да ги добијат.

-Имаме побарувања секој поединечно околу 5 до 6.000 евра за неисплатени плати, меѓу нас има и петтмина што имаат 150.000 евра побарувања. Тоа се работници кои во текот на работата се повредиле и кои долги години биле на боледување, што имаат надомест, но не можат никако да го наплатат. Бараме за старата фабрика да се изврши ревизија на поранешните стечајни управници кадешто стечајот е завршен и еден од стечајните управници има продадено два огромни производствени погони за вредност едниот од 40.000 евра другиот 60.000 евра а двата се со минимална цена од еден милион. Самата цифра говори дека во случајот е направена криминална зделка-посочи Трајан Димитриевски, поранешен работник.

Поранешните вработени ќе бараат од надлежните институции да покренат и кривични пријави против сите стачајни управници кои, какошто тврдат дозволиле имотот од старата фабрика да биде уништен и разграбен, наместо обезбеден, што била нивна законска обврска.

-Имаме случај со автокранови, дизалки, 120 и 20 тонска, стечајката не ги вметнала во нашиот имот, известена е телефонски таа рече дека тоа не ја интересира. Но сега од лимарското, стечаецот ги зел ги продал меѓутоа купувачот не може да ги преземе бидејќи во СВР се регистирани на Искра и тендерот пропаднал. Сега новата стечајка која не сака да дојде не избегнува, таа испрати вештаци, да ја проценат вредноста и да ги продада. Таа завршила со стечај потпишала на која основа ќе ги дава сега парите, тие се на Искра дизалки. Вредноста на дизалките 120 тонска е купена 4 милиони и 200.000 долари некој да ја земе за 5-10.000 не може-нагласи Томислав Јовановски, поранешен работник.

-Во писмена форма ќе поведеме барање до Министерството за финансии бидејќи имаме неофицијални информации дека на нашата сметка на име на побарувања за извршена работа од Ирак се пристигнати два милиони долари и уште од една фирма 280.000 долари така што имаме побарувања и од таму но тоа треба министерството да го констатира, преиспита и да донесе одлука-додаде Димитриевски.

Во случај надлежните да не ја разберат нивната порака велат дека ќе бидат принудени да преземат порадикални мерки, како блокада на улици, работата на судот, автопатот. Поранешните работници сепак се оптимисти дека новата реформска влада, која вети Живот за сите, ќе се заложи и за остварување на нивното право.  Фабириката Искра во минатото беше еден од водечките брендови на Балканот во произвоство на цевки и профили, извезуваше во Европа и Русија како и на блискиот Исток.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)