Регистрирани се 43 нови случаи и еден починат во Куманово

Во последните 24 часа се направени 3.761 тестирање, а регистрирани се 1.216 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти, и тоа од: Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, Тетово и Виница – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица на возраст од 53 до  94 години, и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и од Кочани и по 1 починато лице од Куманово, Битола и од Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Направени се 3.761 тест преку: ИЈЗ – 732, ЦЈЗ Скопје – 136, „Авицена“ – 345, „Биотек“ – 407, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 152, „Систина“ – 303, лабораторија „Лаор“ – 202, Судска медицина – 17, ЦЈЗ Битола – 80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 8, „Синлаб“ – 78, „Ремедика“ – 39, лабораторија во болницата во Козле – 15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.246, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0.

Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)