Реконструирани улиците „6ти Април“ и „Анѓа Ранковиќ“

Жителите од улиците „Анѓа Ранковиќ“ и „6ти Април“ во населбата Перо Чичо повеќе нема да се гушат во прашина и да чекорат по каллива улица, откако деновиве беше поставен асфалт и бекатон.

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска ги посети улиците каде направи увид во сработеното и оствари средба со граѓаните на оваа населено место.

Тоа е околу 1.200 квадратни метри бекатонирана површина и негде 1.600 кавдратни метри асфалтирање. Еден дел од улиците се пристапни, се направени од позициите реконструкција на приодни патишта, приградски патишта, тоа е гребан асфалт и тампонирање, така да имаме уште едно 400 метри ставено реконструкција од таа позиција – изјави Дамјановски.

Проектот за реконструкција на овој дел од населбата Перо Чичо чини 3 милиони 200 илјади денари, средства одвоени од Буџетот на Општина Куманово, а е во програмата за летно одржување и обновување на патната инфраструктура во приградските населби.

Паралелно со ова се завршува потпорниот ѕид во Гладно поље и со тоа ствараме услови за реконструкција на тој пат кој беше во една голема ерозија, 4,8 километри канализациона мрежа која ја најавивте и видовте, тука ствараме услови за натамошно концепирање на патната инфраструктура, бидејќи се решаваат подземните комунални и инфраструктурни проблеми, така да овој дел од Куманово, населбата Перо Чичо во нареден период ќе доживее експанзија – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Граѓаните на овој дел од градот го поздравуваат проектот кој ги спаси од уништените улици по ои лежеа „кратери“ кои по секој дожд беа полни со вода.

Сега по иницијатива на градоначалникот и на месното население имаме еден состанок и се договоривме овие улици „6ти Април“ и „Анѓа Ранковиќ“ да тампониране негде со тампон негде со бекатон плочи, а негде со асфалт и сега како месна заедница заличуваме на урбана заедница – граѓанин.

Цела комплетна улица добивме со асфалтирање, иначе претходно не можеше ни пешки ни со возила да се пројде сега очигледно се гледа дека улцата е направена комплет – граѓанин.

Како што истакна градоначалникот Дамјановски и во иднина ќе продолжат ваквите капитални инфраструтурни проекти, паралелно во неколку делови во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)