Реконструирано училиштето „Вера Которка“ во Клечовце

Основното училиште „Вера Которка“ во село Клечовце доби нова фасада, прозорци и санитарни јазли. Инвестицијата вредна 15.000 евра, е во рамки на проект од амбасадата на Република Чешка. По повод релизираниот проект денеска училиштето го посетија чешкиот амбасадор, Мирослав Томан заедно со градоначалникот Максим Димитриевски.

-Имав можност пред неполни шест месеци да разговарам со амбасадорот за овој проект и после истиот стана реалност. Се заблагодарувам на граѓаните на Република Чешка, на сите вработени во амбасадата, лично на амбасадорот, изведувачот и сите кои беа вклучени во реализација на овој проект. Сакам да се заблагодарам на сите кои учествувавте во воспитно образовниот процес, давате голем придонес бидејќи од тука излегуваат добро обучени и подготовени ученици кои своето образование го продолжуваат во некое од средните училшта каде забележуваат сериозни резултати-истакна пред присутните градоначалникот Димитриевски.

-Се заблагодарувам на сите присутни, градоначалникот кажа што е направено и што се е сменето, ми е драго што дојдов да го видам ова, парите од донацијата, односно проектите кои што ги нуди амбасадата на Чешка одат за децата, кои се нашата иднина-нагласи амбасадорот Томан.

По повод завршување на овој проект во училиштето се одржа и кратка културно уметничка програма. Во Вера Которка се образуваат 65 ученици од прво до деветто одделение.

Димитриевски пред присутните посочи дека како локална самоуправа имаат во план да го уредат централниот дел на Клечовце, со реконструкција на постоечката зграда и изградба на мал плоштад.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)