Реконструиран Домот за стари лица

Низа инвестициски проекти беа спроведени во текот на изминатата година во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ ги подобрија условите за околу 150 корисниците на јавната општинска установа.

Старите прозорци на зградата се заменети со нови ПВЦ прозорци, а извршена е и промена на дотраените плочки на површина од 580 метри квадратни. Реновирани се и дел од собите за престој на корисниците, а ваквиот проект установата ја чинеше вкупно 3,7 милиони денари.

Освен реконструкција, набавен е и мебел во вредност од милион и 62 илјади денари, со цел на нашите корисници да бидат задоволни од услугите за сместување. Нашата цел е на корисниците да им обезбедиме активен социјален живот со разчини програми, зајакнување на системот за здравствена заштита и обезбедување добри услови за сместување и ова се трудиме да го реализираме со нашиот административен и финансиски капацитет, изјави директорот на установата Џемаљедин Неџипи.

Околу четири милиони денари ќе бидат издвоени и за инвестициите кои се планирани во текот на оваа година, а имаат за цел да ги подобрат условите за престој на корисниците.

Како што посочи Сектретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска во општинскиот буџет се планирани средства за реконструкција, како во изминатиот период така и во текот на 2017 година.

Со голема поддршка од градоначалникот, советот и Општина Куманово им даваме во насока на подобрување на условите на луѓето од третата доба за кои навистина се значајни за ова општество, освен што се сместени нашите граѓани од третата доба од КУманово, имаме сместени луѓе и пошироко од регионот. Уште еднаш честитки и големи успеси до директорот за понатамошно вложување и подобрување на условите во оваа општинска установа – изјави Алексовска.

Инаку установата згрижува околу 150 корисници, а месечната цена за користење на услугите на домот изнесува 11.800 денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)