Реконструкција и ревитализација на значајните културни објекти

Реконструкција и ревитализација и заштита на значајните објекти во градот, најавуваат кандидатите од советничката листа на коалицијата предводена од СДСМ. Според нив Соколана, Занетчискиот дом, Касапскиот круг, црквата Свети Никола, Џамијата, станбените објекти на Ленинова, Иво Лола Рибар и Илинденска низ текот на години не успеале да одолеат на забот на времето.

-Во нашата програма е предвидена заштита на споменици на култура и осветлување на овие објекти преку изработка на заштитно-конзерваторски основи на територијата на целиот град. Со што прво ќе се мапираат сите културни добра а потоа ќе се изврши анализа за утврдување на потребниот степен на заштита на објектите. Исто така предвидена е и реконструкција и ревитализација на сите утврдени културни добра. Ќе се залагаме објектите околу спомениците да бидат осветлени за да се вклопат во амбиенталниот изглед- посочи кандидатот за советник од СДСМ, Томица Илиќ.

Кандидатите за советници од коалицијата на СДСМ се надеваат дека на овој начин ќе се врати вистинскиот изглед на градоти и ќе се создаде препознатлива слика.

-На таков начин ќе биде попривлчен за туристите, за развој на бизнис секторот, економијата, социјалниот и културниот живот, како што и впрочем долукува на најголемата општина во државата. Споменик Кострница е исто така место по кое Куманово е препознатливо. Утре на тоа место ќе бидат одбележани 76 години од денот на народното востание на македонскиот народ-посочи Илиќ.

Воедно на сите граѓани им го честитаа празникот 11-ти Октомври, денот на Народното востание и денот на борецот.

 

 

Коментари

коментар(и)