Ременски во посета на транзитниот центар Табановце

Дваесетина мигранти од транзитниот центар Табановце доброволно се префрлени во кампот „Вино –Југ “ . Со ова започнува да се намалува бројката на бегалците на Табановце бидејќи капацитетот  одамна беше исполнет. Иако никој  од надлежните не потврдува , сепак причината поради која најверојатно одлучиле да се вратат во Гевгелија е стравот од ширењето на заразни болести во транзитниот центар бидејќи веќе се регистрирани шест случаи на заболени мигранти од шуга.  Во меѓувреме, мигрантите кои што кампуваат на граничниот камен се уште остануваат во шаторите.

-Да видиме како ќе заврши самитот,  и тие тоа го очекуваат и после тоа мислам дека ќе можат да се вратат и да се сместат во транзитниот центар, изјави Горан Стојановски, раководител на Транзитен центар Табановце

Што се однесува до хуманиот третман, мигрантите добиваат комплетна помош во храна, облека, здравствена заштита од невладините организации и црвениот крст, а во наредниот период обврската за обезбедување топли оброци ја презема надлежното министерство.

-Сите субјекти кои што работат на хуманиот третман и грижата за луѓето во кампот се грижат тие да бидат  снабдени со храна,  со топол оброк, имаат услови за одржување на лична хигиена, изјави Фросина Ременски , техничка министерка за труд и социјална политика

До утре ќе се знае како понатаму ќе се поставува со 362 мигранти кои што кампуваат  на граничниот камен. Инаку, во транзитниот центар Табановце остануват  952 лица, од кои најголем дел се авганистанци кои повеќе од еден месец се заглавени во кампот.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)