Рибарите го одбележаа Богојавление

Членовите на спортското риболовно друштво Пчиња, заедно со останатите граѓани, на Градскиот кеј денеска го одбележаа празникот Богојавление-Водици. Тие како и претходниите неколку децении се собраа да прослават со грејана ракија, пивтии и дружба.

-Со оглед на тоа дека температурите се многу ниски, одлучивме собирот да го направиме во просториите на ЈП Чистота и зеленило. Овој ден надалеку е познат за сите нас посебно за рибарите. Секоја година избираме кум, предвидено е кршење на лепче со паричка, да се избере нов кум, кој ќе биде најсреќен да ја доби паричката -изјави претседателот на Здружение на спортски риболовци Пчиња, Роберт Лазаревски.

Рибарите истакнаа дека ваквото одбележување ќе остане традиција. Тие се надеваат дека наредните години манифестацијата ќе стане уште помасовна. Спортското риболовно друштво Пчиња, кое е едно од поголемите во државата, брои околу 650 членови и се наоѓа веднаш зад Скопје.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)