РК Карпош го организираше 4-от младински турнир

Во организација на ракометната школа Карпош од Куманово вчера се одржа четвртиот по ред ракометен младински турнир насловен Куманово го сака ракометот 2019. Оваа година на турнирот учествуваа четири екипи кои се дел до академијата на Вардар.

Тоа се домаќинот Карпош од Куманово, Илинден и Урдаревски од Скопје и Балтепе од Тетово.

Настанот свечено го отвори секретарот во Сојузот на спортови на Куманово, Александар Димковски, кој на учесниците им посака успешен турнир. По двете полуфинални средби, во финалето се сретнаа добропознатите противници РК Илинден и домаќинот Карпош, при што овој пат славеше тимот од Скопје.

За најдобар стрелец на турнирот е прогласен играчот на РК Карпош од Куманово, Давид Димевски, најдобар голман е Звонимир Николовски од Балтепе од Тетово, а МВП е ракоментарот од РК Илинден, Дамјан Трајковски.

Присутните имаа можност и да го проследат ревијалниот натпревар помеѓу ЖРК Куманово и ЖРК Гевгелија.

Турнирот како и претходните години е поддржан од градоначалникот на Куманово и Советот на Општина Куманово, како и општискиот Сојуз на спортови.

Коментари

коментар(и)