РК Куманово изгуби од Вардар 2

Ракометниот клуб Куманово ја заврши сезоната од првата лига мажи со пораз од Вардар 2 со еден поен разлика 23 – 22. Поразот го смести тимот едно место подолу на табелата по победата на ГРК Тиквеш над претпоследниот тим на табелата Гостивар. Последниот меч од првенството помина со голема желба на домашните да ги покажат своите квалитети против гостите од Скопје со борбена игра во одбраната, со прецизни додавања во нападот, а во текот на мечот имаа и водство од неколку поени разлика. Екипата на Куманово имаше дополнителна мотивација за покажување на својот квалитет поради тоа што Вардар 2 се наоѓа на второ место во првата лига мажи, а гостите немаа притисок за освојување на бодовите поради тоа што веќе ги имаа потребните поени.  Екипите на двата тима се составени од млади играчи.

-Прво мора да им честитам на сите играчи на прикажаната борба и желба за победа на овој натпевар. Мора да истакнам дека имавме четири или пет повредени играчи кои се стандардни првотимци. Цело време бевме во игра за три бода, можеби, меѓутоа тој мал фонд на играчи и таа мала деконцентрација во играта го направи своето и на крај изгубивме со еден разлика, вели Љубиша Димковски, тренер на РК Куманово

-Очекував тежок натпревар, Куманово пред своја публика игра одлично, мотивирани се сакаат да го добијат секој натпревар и знаев дека не чека тежок натпревар имавме повредени неколку играчи меѓутоа смогнавме сили да го добиеме овој последен натпревар. Му честитам на Куманово за квалитетниот натпревар иако, уште малку да се консолидираат тешко која екипа може на овој терен да добие победа, вели Стојан Петрушевски, тренер на РК Вардар 2

Екипата на Куманово имаше расположени поединци, додека пак Вардар играше тимски, така што повеќе играчи се запишаа во листата на стрелци. Најдобар стрелец на натпреварот беше од редовите на домашната екипа, Давид Кузмановски кој постигна седум гола. Исто така добра партија имаа и Стефан Стојковски и Андреј Миладиновски со по пет гола. Од екипата на Вардар 2 најдобри беа Мартин Димов, Александар Димовски и Тоше Ончев со по пет гола. Еден од подобрите поединци на натпреварот беше и голманот на Куманово, Стефан Ристиќ.

-На самиот почеток отворивме добро првото полувреме беше егал, второто исто така го почнавме добро, но заморот на нашите играчи го направи своето. Имавме технички грешки кои се недопустливи за второ полувреме кога се крши резултатот и кога треба да се добие мечот. Тука потфрливме во некои делови, направивме 3, 4 технички грешки што противниците го искористија. Заслужено победија иако тука делеа нијанси, вели Стефан Ристиќ, голман на РК Куманово

-Завршивме на второто место заслужено. Тука дојдовме како и на секој натпревар мотивирани без опуштање. Натпреварот ни даде добар почеток без опуштање и на двете екипи, се играше егал до прво полувреме па и второ полувреме до 50та минута. За Куманово секои почести изигра многу машки, вели Александар Димовски, среден бек на РК Вардар 2

РК Куманово останува во првата лига мажи и наредната година, но од тимот се надеваат дека со неколку нови играчи ќе можат да се борат за влез во супер лигата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)