Родители на работилница за ненасилна комуникација и почитување на разлики

Работилница за родители на тема „Ненасилна комуникација и почитување на разлики“, се одржа синоќа во средното техничко училиште „Наце Буѓони”, од страна на обучени родители.

Најпрвин, состанокот на Советот на родители започна со едноминутно молчење и оддавање почит на трагично загинатите ученици од основното училиште во Белград. Подоцна, беа разработени темите:

-Потреба од ненасилна комуникација за подобро разбирање и техники на ефикасна комуникација,

– Преиспитување на сопствени предрасуди и нивно влијание на формирање на ставови кај младите,

– Разбирање на емоции и нивно прифаќање,

– Размена на искуства и мотивација на учесниците да ги применуваат стекнатите вештини и знаења во својот секојдневен живот како навреме биде препознаен булингот и спречена насилна комуникација кај младите.

Оваа работилница е дисеминација на знаењата по следената обука на родителите Јасмина Мишиќ, Биљана Васиљевска и Ивица Арсиќ во Здружение „Доверба” Куманово на тема: Ненасилна комуникација и почитување на разлики во рамки на проектот „Со почит и разбирање”.

Коментари

коментар(и)