Романот „Сама“ во изведба на деветоодделенци

Учениците од деветто одделение од основното училиште „Кочо Рацин “синоќа на театарската сцена го поставија романот „Сама“ од авторот Горјан Петревски. Ова беше завршна претстава за заокружување на нивното деветгодишно образование. Проектот го раководеше профеорката по македонски јазик Катерина Костадинова, која потенцира дека романот не е случајно избран. Тоа е лектира за деветто одделение која во себе носи многу животни поуки.

-Животните мисли ќе ги пренесат учениците на публиката не само на децата туку и на возрасните. Проектот го работев во второто полугодие од оваа учебна година заедно со моите ученици вклучени се хорот на училштето , Денс студиото „Мак “ со Мерлин Стојановска како и сите ученици од 9 одделение. Спонтано се потече, децата толку многу се соживија и ги примија ликовите едноставно како тие да се тие од романот бидејќи романот е толку адаптиран за комуникација деца, професори ,семејство ,меѓусебна комуникација. Сценариото јас го напишав раководејќи се од романот , не менував ништо од романот, истите реплики , дијалози, ликови, изјави  Катерина Костадинова, професор по македонски јазик

Романот „Сама “е едно од најдобрите остварувања на Горјан Петревски.  Тој во овој роман целосно го доловува секојдневието на младиот човек, грдото и испревртено време во кое младиот човек секојдневно се среќава со лагата, лицемерството, злото, измамата, алкохолот, проституцијата.

– Проблемите не се само за младите,  за тинејџерите туку тоа се и проблеми на возрасните на родителите. Пораката е многу едноставна но сепак на свој начин сложена. Да се заштитат од дрогата , да се заштитат од насилството а сето тоа да протече низ една приказна на главниот лик Теодора Малинова. И се разбира тука е машкиот главен лик пијанистот Симеон Георѓиев кој асоцира на нашиот светски пијаност Симон Трпчевски, изјави Петревски.

Главен лик во овој роман е пијанистот со светско реноме Симеон Георгиев, сè она што се случува во романот е поврзано со него, сите настани почнуваат и завршуваат со него. Освен него , авторот ни ја доловува и приказната на главната хероина во овој роман Теодора Малинова. Таа е меѓународна каратистка која постојано го слуша упорното вежбање на пијанистот, неговата упорност и желба да оствари некое големо дело кое би оставило трага.

– Оваа идеја потекна од септември но ја реализиравме денес,  траеше околу два месеци навистина беше многу напорно , секојдневни проби, подготовките беа постојани, со оваа драма сакам да пренесем порака на сите млади на мојата возраст да го намалат насилството да се заштитат од дрогата од алкохолот бидејќи нашето општество полека полека оди по тие патишта, изјави Ива Додевска, главен актер во претставата.

Коментари

коментар(и)