Ротари клуб со хуманитарен концерт

Хуманитарен концерт на светскиот виртуоз на хармоника Душан Секулиќ ќе биде одржан наредната недела во организација на Ротари клуб Куманово. Собраните средства ќе бидат наменети за проектот „ Љубовта не е само збор “ односно изградба на инклузивно игралиште во градот со спортски елементи кои што ќе можат да ги користат децата со посебни потреби.

-Концертот го организираме во рамките на балканската турнеја на групата и собирање на средства за изградба на инклузивно игралиште за дечиња кое треба да се случи во тек на наредната година. Хуманитарниот концерт ќе биде на 28 ноември во НУ Театар Куманово во 20  часот . Сите заинтересирани можат да купат  влезници по цена од 300 денари . Средствата одат во хуманитарни цели така што ја користам приликата да ги поканам граѓани за масовно учество, изјави Гоце Серафимовски, Ротари клуб Куманово

Душан Секулиќ кој што е член на Ротаракт клуб Бијељина е роден 1985 –та година во Сараево. Од петгодишна возраст започнал да свири хармоника , а  бројните солистички концерти одржал во Европа, Азија и Австралија .

Инаку, по хуманитарниот концерт , Ротари клуб Куманово кон крајот на годинава ќе организира и хуманитарна Новогодишна  забава. Целта е сите собрани средства  да се вложуваат во општеството за подобро утре на сите граѓани и за децата со инвалидитет како рамноправни членови во општеството, велат од клубот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)