РСБСП: Мотоциклистите најранливи во сообраќајот

Црната статистика за настрадани мотоциклисти во сообраќајни незгоди загрижува. Имено, статистичките податоци за 2020 година покажуваат дека изминатата година 125 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди од кои дури 18 се мотоциклисти.

Во 2020 година, тешко повредени се вкупно 158 мотоциклисти. Состојбата со безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот дополнително загрижува ако се има во предвид фактот дека во Македонија мотоциклите претставуваат околу 2 % од вкупниот број возила- учесници во патниот сообраќај, а во 2020 година, околу 15% од вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди се мотоциклисти.

Несоодветната брзина на возење и неупотребата на заштитна опрема и заштитен шлем се издвојуваат како главни причини за трагичните последици од сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклистите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)