РЦУК: Без електрична енергија повеќе села во кумановско и липковско

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека денес без напојување со електрична енергија се с. Долно Којнаре, село Бељаковце, локалитет Спомен Костурница, индустриска зона Речица и село Режановце.

Електрична енергија нема ниту во селата Опае, Слупчане и Оризари, општина Липково.

Тимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Коментари

коментар(и)