Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комора на органски производители – КОП од Куманово, поддржани од Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. С. Македонија и Општина Куманово и годинава ќе бидат организатори на саемите „Органска трпеза“ и „Агро Мак “. Шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2023“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агро Мак 2023“ ќе се одржат од 29 септември до 01 октомври годинава на спортско- рекреативниот комплекс во Куманово во периодот од 09 до 18 часот.
Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти, посочуваат организаторите.