Саем на книга на „Антолог“

Издавачката куќа „Антолог“ денеска го отвори саемот на книга во Куманово кој што ќе трае три дена заклучно со четврток од 10 до 19 часот.Саемот е поставен по иницијатива и организација  на  библиотеката „Тане Георгиевски“ која што има одлична соработка со издавачката куќа, а од Антолог посочија дека втора година по ред организираат летен саем на книги во Скопје, со што годинава првиот летен саем надвор од главниот град е токму во Куманово. Антолог е издавачка куќа која што веќе неколку години е присутна на македонската книжевна сцена, а исто така има објавувано книжевни дела на писатели од градот Куманово. Од издавачката куќа посочија дека се задоволни што изборот од својата продукција на повеќе од 200 книги ќе можат да го претстават пред кумановската читателска публика која што според нив е една од најактивните во државата. Главниот уредник на Антолог, Жарко Којунџиски истакна дека летниот саем во Куманово може да ги задоволи апетитите на читателската публика од градот како со пристапноста на цените, така и со спектарот на литература за различни вкусови и возрасти.

-Ја прифативме поканата на Куманово како град бидејќи од нашето претходно искуство со продажба и дистрибуција на книги во Куманово имаме впечаток дека Куманово е еден од оние градови каде што има однос кон книгата и книгата се уште се цени иако знаете дека читањето понекогаш бележи и не баш пријатни денови меѓутоа еве Куманово си има своја публика и има луѓе кои што ја сакаат книгата и тоа го забележуваме уште во неколку часа од почетокот на саемот на книга тука,  вели Жарко Којунџиски, главен уредник на „Антолог“

Пред кумановската публика ќе бидат претставени седумдесетина дела кои што се дел од издавачката дејност на Антолог во последните години. На саемот има книги за различни возрасти групи, од литература за најмалите како што се боенки и сликовници, до литература за возрасни меѓу која што можат да се најдат книги од популарната книжевност како и класици кои што веќе се признаени и етаблирани во светски рамки. Главниот уредник на Антолог, Којунџиски истакна дека издавачката куќа постојано ги следи последните светски трендови како и најновата книжевност која што се пишува во Македонија.

-Станавме екслузивни застапници за американска бест-селер авторка на Њу Јорк
Тајмс, Елин Хилдербранд го објавивме нејзиниот последно објавен роман „Трач“ . Тоа е апсолутно најпродавана книга на нашиот штанд и нашата издавачка куќа, а покрај неа имаме и две македонски авторки кои објавуваат доста провокативни книги за сите возрасни групи Елена Коневска со книгата „ Еднаш одигравме љубов“ и Катерина Џатева „ Зајдисонце “. Имаме убави,  наградени книги со детска литература. Наградата оваа година ја доби за најдобра детска книга Велко Неделковски, авторот што малку повозрасни читатели го знаат по „Втора смена“ и таа култна серија, лектира која што е во основните училишта, неговата книга „Златко Златец“ ја доби награда за најдобра книга за деца за минатата година, вели Жарко Којунџиски, главен уредник на „Антолог“

Од издавачката куќа Антолог посочија дека саемот на книга во Куманово претставува поттик за преставување и промовирање на книжевноста надвор од главниот град.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)