Саем на книга на „Матица Македонска“

Од денеска до сабота кумановските читатели ќе имаат можност да го посетат саемот на книга што се одржува пред библиотеката „Тане Георгиевски“  и да си купат по некое издание од издавачката куќа Матица Македонска. Цената на книгите се движи од 250 до 800 денари.

-Очекуваме дополнителни попусти на изданијата кои што ги добивме. Застапени се книги од многу жанрови, од трилери, до романтичка литература до психолошка литература. Најбарани автори моментално се Јелена Бачиќ Алимпиќ, Лусинда Рајли…

Бидејќи ова е еден од долгоочекуваните саеми очекуваме голема посетеност од страна на нашите читатели, но и на случајните минувачи бидејќи масите се поставени на ударно место така што очекуваме голем број купувачи, изјави Сандра Глигоријевска, библиотека „Тане Георгиевски“

Саемот на книга се организира во рамките на одбележувањето на месецот на книгата.

Работилници, трибини , промоции на книги ќе бидат дел од активностите организирани од библиотеката во наредните дваесетина дена.

Коментари

коментар(и)