И лјадници наслови и книги од книгоиздателството Матица Македонска ќе бидат изложени во четврток пред библиотеката „Тане Георгиевски“ . Мини-саемот односно турнејата на книгите која се организира низ целата држава го носи името „ДА“ за КНИГА. Настанот се совпаѓа со одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 април.
-Во нашата земја се одбележува со разни пригодни активности. Ова се совпаѓа со тоа на 23 април во 11 часот пред библиотеката ќе биде отворен овој настан, а секој посетител на бибилотеката на тој ден ќе добие за подарок книга и цвет, изјави Нада Ивановска, директор на библиотека „Тане Георгиевски“
Во рамките на манифестацијата на Матица Македонска ќе се одржат и неколку промоции на книги и книжевни дружења.
-Во четврток ќе има промоција на делата на познатиот кумановец, професор на Филозофскиот факултет и писател Витомир Митевски,…, изјави Ивановска.
Турнејата за книгата ја подржуваат и соработниците на Клубот од Велика Британија Орион, Парагон ,како и Лагуна клубот од Белград.