Саем на книги на „Матица“ и „Лагуна“

Библиотеката Тане Георгиевски во соработка со издавачките куќи Матица Македонска од Скопје и Лагуна од Србија, организира саем на книга, кој ќе трае четири дена, заклучно со сабота. На мини саемот се продаваат најпопуларните дела на овие издавачи, меѓу кои се  книги од домашни но и странски автори.

– Нашите граѓани  ќе имаат можност по саемски цени да си набават книги да си ги збогатат сопствените билбиотеки при што очекуваме интерес бидејќи книгите од оваа издавачка куќа Mатица Mакедонска се едни од најбараните и позајмувани книги. Меѓу најбарани се книгите од нашиот северен сосед белетристика од писатели како Исидора Бјелица, Јелена  Бачиќ Алимпиќ и слично-истакна директорот на библиотеката Марјан Петковски.

Љубителите на книгата изразија задоволство што имаат можност по промотивни цени да набават нови дела. Инаку заинтересираните читатели штандот може да го посетат во период до 10 до 19 часот. Од бибилотеката нагласија дека и во нареден период ќе продолжат да организираат вакви саеми на книги.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)