Саем на книги на „Матица“

Библиотеката Тане Георгиевски во соработка со издавачката куќа Матица од Скопје,  организира саем на книга, кој ќе трае четири дена, заклучно со сабота. На мини саемот се продаваат најпопуларните дела на овие издавачи, меѓу кои се  книги од домашни но и странски автори.

-Попустите ќе се одвиваат од 10 до 50 проценти се надевам дека ќе има и интерес и сите оние љубители на книгата ќе може да си најдат книга по промотивна цена. Претежно се книги од издавачката куќа Матица во рамки на овој саем нема и книги од издавачките куќи Лагуна и Вулкан-истакна директорот Марјан Петковски.

Љубителите на книгата имаат можност да ги набават најновите дела на Јелена Бачиќ Алимпиќ, македонската авторка Моника Димитровска, потоа од Лудвуд Баркли, Џон Хили, Донато Каризо и многу други.  Директорот истакна дека изминативен години значително се зголемува интересот кај граѓаните за читање книги, за што придонесува и проширувањето на книжниот фонд.

-Би сакал да ги информирам нашите корисници заврши предвидената постапка за набавка прв оваа година при што се набавени 281 наслов односно 846 книги од 11 издавачки куќи при што библиотеката за оваа набавка издвои скоро 300.000 денари-посочи Петковски.

Тој посочи дека наредниот  период следуваат голем број на промоции на книги, литературни читања, трибини, средба со писател и слично, со цел зголемување на свеста на граѓаните и поттикнување на интересот за книгите. Заинтересираните читатели штандот може да го посетат во период до 10 до 19 часот. Од бибилотеката нагласија дека и во нареден период ќе продолжат да организираат вакви саеми на книги.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)