Самовработување на лицата со инвалидитет

Три инвалидизирани лица од Куманово со одржлив бизнис план веќе аплицирале за владината мерка за самовработување на оваа категорија на граѓани. Во Агенцијата за вработување денеска се одржа трибина на која беше појаснет проектот наменет исклучиво за лицата со инвалидитет, кој се реализира првпат оваа година.

-Грантот е 5.000 евра неповратни средства, рефундирани средства за придонеси со можност на вработување уште на две лица по 92.000 денари. Ги повикувам сите лица со инвалидитет кои имаат одржлива бизнис идеја и креативност да земат учество во оваа мерка затоа што мислам дека бенефитот од државата е на завидно ниво, изјави Милорад Тренчевски, раководител на Агенција за вработување

Во Агенцијата за вработување се регистрирани околу 160 инвалидизирани лица, активни баратели на пазарот на трудот и околу седумдесетина пасивни баратели, од кои 16 се со високо образование, велат надлежните.

-Проектот ќе трае се до исполнување на квотата, значи огласот ќе биде продолжен и во 2016-та година . Тоа е проект на владата, преку министерството за труд и социјална политика,со вклученост на УНДП. Доаѓаат луѓето заинтересирани се за проектот, изјави Милорад Тренчевски, раководител на Агенција за вработување во Куманово

На државно ниво досега се пријавени 53 лица. Надлежните информираат дека избраните лица кои ќе добијат средства за отпочнување сопствен бизнис ќе посетуваат дополнителни обуки.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)