Самовработување на лица со инвалидност  

Четири лица се пријавиле на огласот за користење на владината мерка „грант за самовработување на лица со инвалидност“. Станува збор за можност за основање сопствен бизнис,  изработка на бизнис идејата, менторство и набавка на опрема и материјали, во висина од околу 5.000 евра, односно 310.000 денари во форма на грант неповратни средства. Од центарот за вработување во Куманово велат дека апликациите кои досега пристигнатите се однесуваат на бизнис планови поврзани со металската и преработувачката индустрија, консултантски услуги и трговија, а очекуваат формирање на околу дваесетина фирми и правни субјекти.

– Државата му помага на инвалидизирано лице за отпочнување на сопствен бизнис. Средствата за допринос ќе бидат рефундирани наредниот период  со можност за вработување на уште две лица за кои државата ќе помогне со 92 илјади денари по лице. Значи бенефитот би бил околу осум ипол илјади евра, вели Милорад Тренчевски, раководител на Центар за вработување, Куманово.

Според стопанската интересна заедница на заштита на трговски друштва кои вработуваат инвалидизирани лица со посебни потреби  потребно е време за спроведување на мерката и реализација на планот за подготовка. Оттаму објаснуваат дека првично треба  да се направат одредени анализи за да се приберат потребните податоци од различни здруженија.  Откако ќе се утврди бројката на инвалидизирани лица и ќе се консултираат фирмите кои ги вработуваат дури тогаш ќе се знае со која дејност истите би се занимавале.  Изборот , пак, за сопствен бизнис на извалидното лице  ќе зависи од неговото образованието и степенот на инвалидност .

– Ние сме подготвени како стопанска интересна заедница секој кој би се обратил да му помогнеме во изработка на бизнис план и испитување и можеме да дадеме голем удел во оваа програма, вели  Панчо Стефановски, управител на Стопанска интересна заедница на заштитни друштва на Р.М.

Огласот за оваа владина програма ќе биде отворен се додека не се исполни квотата за реализирање на мерката. Инаку на ниво на државата 80 лица со инвалидитет аплицирале за добивање на грантовите за самовработување, а за имплетирање на програмата за самовработување на лицата со инвалидитет, државата ќе издвои над 59 милиони денари.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)