Самостојна изложба на Ангелина Поповска

Во Изложбениот салон на Уметничката галерија вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба, под наслов “ Landscapes “ нa авторот Ангелина Поповска.

Поповска е  родена во 1967, Деж, Романија. Во 1991 годинадипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во 2005 година магистрирала на Факултетот за применети уметности во Белград, Србија на отсекот за конзервација и реставрација на икони и штафелaјни слики . Во 2012 година докторирала на Институтот за национална историја во Скопје.

Од 1993 година редовно работи во Национален конзерваторски центар-Скопје во лабораторијата за конзервација на икони. Остварила повеќе групни и самостојни изложби во земјата и странство и има повеќе први награди.

Изложбата Landscapes е содржина на 20-тина дела изработени на плексиглас и комбинирана техника со извонредна технолошка вештина во комбинирањето на врзивата и боите во еден современ сплет, апликации и провидност, кој е одраз на оваа сликарка. Изложбата е подржана од Министерство за култура.

Коментари

коментар(и)