Самостојна изложба „Помеѓу празното и празнината“

Љубителите на уметноста до крајот на месецов имаат можност да ги видат изложените дела во Уметничката галерија од академскиот уметник Марина Цветановска – Мартиновска. Изложените просторни и ѕидни инсталации и цртежи изработени во различни материјали и ликовни техники се дел од осмата самостојна ликовна реализција на Мартиновска насловена „Помеѓу празното и празнината“ , која што беше отворена на 28-ми декември.

Изложбата претставува продолжување и тематски континуитет на нејзината претходна ликовна продукција прикажана во Скопје и Њујорк.

„Марина Цветановска -Мартиновска е преокупирана со тајните и феномените на човековото постоење: раѓањето, животот и смртта и трагата(отисокот) што тој го остава со своето битисување во времето и просторот. Во нив авторката го бара својот поттик и го преобликува во своевиден веќе препознатлив ликовен исказ„ напиша во рецензијата Драгана Спасковска, кустос во Уметничката галерија.

Цветановска Мартиновска  учествувала на  голем број групни изложби ,  колонии во земјава и странство. За својата  активност, особено ликовно педагошката, во периодот од 2001 до 2018 година добитник е на повеќе од 150 награди. 

Родена е во Куманово, дипломирала во 2000 –та година на Педагошки оддел, насока вајарство со сценографија во класата на професор Станко Павлески на ФЛУ- Скопје. Во 2005-та  завршува постдипломски студии по вајарство на ФЛУ под менторство на професорот Павлески. Вработена е како ликовен педагог во основното училиште „Браќа Миладиновци“ од 2001-та година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)