Самоубиствата во пораст

27 годишно момче вчера си го одзело животот.  Oд засега се уште непознати причини кумановецот посегнал  по својот живот ставајќи јаже околу вратот. Се обесил на надворешната страна од петтиот кат на зградата во трговскиот центар Гарнизон, во централното градско подрачје. Случајот го пријавиле случајни минувачи на улицата „Борис Кидрич“ откако виделе дека безживотното тело на младото момче виси на зградата. Полицијата потврди дека вчера изутрина во 05, 45 часот е пријавен немилиот настан. Веднаш бил направен увид и било констатирано дека станува збор за самоубиство со бесење. На телото немало траги на насилство. Момчето живеело со баба, а татко му починал пред неполни два месеца. Пред да посегне по својот живот  дошол кај мајка му да преспие во станот. Нема информации дали мајка му била во станот во моментот кога се обесил. Инаку, последнава деценија е регистрирано енормно зголемување на бројот на самоубиства и убиства  во Куманово, покажуваат статистичките податоци, но на оваа девијантна појава предупредуваат и експертите. Самоубиството е сложен феномен врз кој влијаат повеќе фактори, семејните, социјалните, животните околности ( разводи, губење на работата, останување без блиски луѓе), потоа менталните заболувања, депресијата, употребата на психотропните супстанци, посочуваат  надлежните.

 -Ако едно дете има растено во средина каде што имало сигурност, љубов и акцент сега сакам да акцентирам почит и признавање на неговата личност тоа е многу битно тогаш тоа ќе се развие во особа која многу лесно ќе ја осознае и придобие љубовта за себе, кога ќе ја има љубовта кон себе и за себе тогаш многу помалку шанси има за едни вакви немили настани, појави оти секако дека ќе има поголем потенцијал да се справува со сето тоа, изјави јасмина наумовска, за разлика од едно дете кое растело во средина клоја е сосема спротивна од тоа, тогаш тоа ќе го развие токсичниот срам, е кога постои презир и омаловажување на самиот себе кога постои безвредност и презир кон своето сопствено јас, со тоа е поврзан токсичниот срам, изјави Јасмина Наумовска, психотерапевт

Личностите кои извршуваат самоубиство даваат предупредувачки знаци дека тоа ќе го сторат, без разлика дали станува збор за вербални знаци или во вид на зборовите, мене наскоро ќе ме нема или нема повеќе да сум ви на товар. Многу често таквите личности даваат некои лични работи на своите пријатели. Ваквите појави може успешно да се спречат со Гешталт психотерапија.

–  Гешталт терапијата работи на проширување на свесноста кога особата во сегашен момент ќе дојде во контакт со мислите и чувствата  тогаш на површина излегуваат нерешените проблми, конфликтните содржини и заеднички се поработуваат, се доаѓа до коренот на проблемот со што се овозможува особата да оствари увид, а во увидот спаѓа сфаќање, разбирање, свесност  за она што си прави тој самиот на себе, изјави Наумовска.

Од социолошки аспект, зголемувањето на степенот на самонасилството е поврзано со современото, индустриското, урбаното и потрошувачкото живеење во општеството кое ги кине врските помеѓу луѓето, семејните, пријателските, соседските врски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)