Само осигураните посеви добиваат обештетување

Обилните врнежи кои го зафатија кумановски регион во неделата направија голема штета на земјоделските површини. Дождот и градот најмногу ги погоди општината Старо Нагоричане, селата Стрезовце, Клечовце и Младо Нагоричане. Голем број на земјоделци од овие места се пожалиле дека градинарски култури и лозјата им се целосно се уништени. Тие штетата ја пријавиле во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Куманово но оттаму објаснуваат дека обештетување добиваат само оние кои ги осигурале  посевите.

-Ние земјоделците ги советуваме дека треба да си го осигуруваат својот посед ако е осигуран тогаш тие ќе добијат обештетување, а вака и да е направена штетата тешко дека некој може да им помогне, вели Живка Наумова, раководител на регионален центар во АПРЗ.

Од Агенцијата за поттикнување и развој посочуваат дека доколу земјоделците ги осигураат своите земјоделски површини 50 до 60 посто од уплатените пари ќе им бидат вратени преку националната програма при поднесување на апликација за субвенции.

-Осигурителните компании излегуваат на терен ја гледаат површината, проценуваат колку е приходот и потоа ако дојде до несакани последици град или пожари можат тие пари да ги повратат, објаснува Наумова.

Осигурување на земјоделието овозможува заштита на инвестициите и осигурана егзистенција, апелираат од  Центарот за рурален развој.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)