Само со закажување ќе работи базенот

Граѓаните кои што сакаат да го посетат градскиот базен кој повторно почна со работа на први септември ќе мора да се најават на телефонскиот број 072 314 530, информираат надлежните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. И рекреативците и шесте пливачки клуба со своите членови мора да се придржуваат до здравствените протоколи, а секако дека тие ќе бидат искоординирани, кој, кога и во кој термин ќе може да влезе бидејќи при излез на една група се врши целокупна дезинфекција, вели в.д. директорката Цветанка Ивановска.

– Сите пливачи ќе мора да се придржуваат според протоколот да држат физичка дистанца, да носат заштитна опрема, на влезот задолжително е мерење на температура, ќе се користат и туш кабините и гардероберите и задолжителна е дезинфекција пред влегување во самиот простор на базенот. Базенот има 12 траки, во секоја трака дозволено е тројца пливачи кои во водата мора да држат исто така физичка дистанца и да се придржуваат согласно протоколите, изјави Цветанка Ивановска , в.д. директор на ЈП„ Чистота и зеленило“

Доколку рекреативците не се најават, може да не бидат примени, поради пополнет број според протоколи. Трибините нема да бидат отворени за посетители и влезот ќе биде дозволен само за пливачи.

Меѓу протоколите за работа поради пандемијата Ковид 19 се препорачува и бесконтактно плаќање на билетите или онлајн, дезинфекциски бариери на повеќе локации, потсетување на посетителите за дистанца, дезинфекција, во соблекувалните може да влегува само по едно лице со редовна дезинфекција. Ограничување на бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м2 нето површина (вклучително и површината на базенот) или еден пливач на 7 м2 во базенот-се наведува во протоколите.

Предвидено е хлорирање, но и дезинфекција со алкохол, белило, на различни површини и строга евиденција на посетителите со податоци.

Ивановска ги повикува граѓаните да го посетат градскиот базен со целосно почитување на протоколите за работа на спортскиот објект, посочувајќи дека цената на билетите останува непроменета, односно единечен дневен билет чини  100 денари, седмичен билет се продава по цена од 500 денари, а месечниот се наплаќа  2.000 денари. Базенот работи од 07 часот наутро до 22 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)