Само тројца евакуирани побарале сместување

51 семејство од населбата „Тоде Мендол“ изминативе два дена се јавило во општинскиот контакт центар да побараат помош, претежно во храна, но и да ја известат општината каде се сместени и  од која улица се евакуирани.

-Имавме побарувања и од лица наши сограѓани кои беа отселени во другите градови за кои требаше да се обезбеди превоз и на истите лица им обезбедивме превоз и од Струмица и од Кочани.  Општината презема активности во насока на набавка на храна, веќе стапивме во контакт со добавувачите, набавивме брашно, шеќер, зејтин, сол, сето она што се основни потреби за едно семејство и состанок со релевантните луѓе кои се на терен за да ги утврдиме начинот на дистрибуција на таа храна изјави Валентина Алексовска, шеф на Општински Штаб за заштита и спасување

Само три лица од кризниот реон побарале сместување. Брачниот пар и една повозрасна жителка на Тоде Мендол вчеравечер околу 21 часот биле згрижени во спортската сала на основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата „Перо Чичо“. Во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст, салата е обезбедена со триесетина душеци, 80 ќебиња и доволно средства за одржување на лична хигиена.

– Обезбедена им е храна, вода и доволно услови и безбедно и сигурни ја поминаа ноќта. Во раните утрински часови околу 7 часот кога стигнав кај нив изјавија желба дека сакаат да заминат, албанката сакаше да се врати во својот дом, а брачниот пар сакаше да оди кај својата ќерка, повикавме возило од општината, навремено стигнаа, ги сместивме, појадуваа и безбедно ги пративме. Досега немаме најави за други лица, изјави Лидија Костиќ, директор на ООУ  „Христијан Карпош“

Освен кол-центарот во општината, граѓаните може да се јават и во контакт центрите во општинскиот Црвен крст и во основното училиште „11 Октомври“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)