Санкционирани мотоциклисти во државата

Во периодот од 13 до 19 јуни спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 293 возачи. Од нив, 163 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Коментари

коментар(и)