Санкционирани над двеста возачи во земјава

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 96 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)