Санкционирани осумдесетина кумановци за „брзо возење“

Во текот на  осми и деветти мај годинава, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово спроведоа засилени контроли за санкционирање на возачите кои што возат со поголема брзина од дозволената на поширокото кумановско подрачје, информираат надлежните. Според СВР Куманово, при контролите санкционирани се 83 возачи кои што управувале со брзина поголема од дозволената, а откриени се и законски санкционирани  и 38 возачи на мотоцикли и 12 останати прекршоци.

СВР Куманово апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)