Санкционирани се 246 пешаци во државата

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 246 пешаци.

Притоа 195 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 за минување на црвено светло.

За време на контролата регистрирани се и 107 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коментари

коментар(и)