Санкционирани 112 возачи во Македонија

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 112 возачи.

Од нив, две возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 54 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 58 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)