Санкционирани 13 возачи во Куманово

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 13 возачи. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)