Санкционирани 16 возачи во Куманово

Во текот на изминатиот викенд  на подрачјето на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 27 возачи, од кои 16 на подрачјето на Куманово и 11 во Крива Паланка. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од полицијата.

Коментари

коментар(и)