Санкционирани 314 возачи во земјава во текот на вчерашниот ден

МВР во текот на вчерашниот ден (10.04.2022) спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 314 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Коментари

коментар(и)